Пребарување
Filters

Услови на испорака

Рок на испорака

Откако ќе ја потврдите вашата нарачка на производи, нарачката ќе започне да се подготвува истиот или следниот ден. Сите нарачки што ќе бидат потврдени до 12:00 часот, ќе бидат подготвени истиот ден, а сите нарачки што ќе бидат потврдени после 12:00 часот, автоматски ќе бидат префрлени за подготовка за ден потоа.

Работното време на нашиот продавач
(курир) е од 8 до 16 часот во текот на неделата. Од моментот на вашата потврда на нарачката, рокот на испорака е од 3 до 4 работни дена, несметајќи ги викендите и празниците. Сите нарачки што ќе бидат направени во петок после 16:00 часот или за време на викенд, ќе бидат подготвени во почетокот на наредната недела.

Превземање на пратките

Курирот ја  доставува пратката до одредената адреса на купувачот во рок од 24 до 48 часа. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата што ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш телефонски ќе Ве исконтактира на бројот кој сте го оставиле при креирањето на нарачката. На тој начин ќе можете да се договорите за нов термин на испорака во текот на следниот период. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде, тогаш пратката ќе биде вратена кај нас. Откако истата ќе ја добиеме ќе Ве исконтактираме за причината за неподигнување на нарачката, со можност повторно да се договориме за ново испраќање.

Цена на Испорака

Цената за достава на производи над 3.000 денари е бесплатна.

Цената за достава на производи под 3.000 денари е 160 денари.

Цените на сите производи од се во денари и вклучен ДДВ. 
Секој купувач најпрвин мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената адреса од страна на купувачот, за потврда на нарачката.

Купувањето може да се оствари со следните платежни картички: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката) а наплатата се извршува преку нашите банки. Adams shoes ви овозможува и купување со наплата при достава но треба да се напомене дека најчесто во тој случај доставата е поспора и купувачот треба да ја потврди нарачката откако ќе биде исконтактиран телефонски.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Сите производи се испорачуваат во определениот рок и услови кои ги одбрал купувачот при правењето нарачка. Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува.
Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш за брзо да се исправи направената грешка.

Во случај купувачот да сака да го врати производот не по наша вина или вина на доставувачот и сака да му се врати сумата на производот, тогаш од крајниот износ на производот двојно ќе биде одбиен трошокот за достава кој варира согласно со тежината на производот. 
Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.

Корисни совети
Придржувајте се до начинот на користење и одржување на производот истакнат на декларацијата.